Денес се празнува Свети Иларион Мегленски
Роден е од угледни и побожни родители. Неговата бездетна мајка долго Му се молеше на Бога да ѝ даде едно дете и заради нејзините молитви ѝ се јави Пресвета Богородица и ја утеши со зборовите: „Не тагувај, ќе родиш син и тој многумина ќе обрати кон светлоста на вистината.“ Кога Иларион имаше три години, од неговите усни непрестајно се слушаше песната: „Свјат, Свјат, Свјат Господ Саваот!“ Добро школуван, тој се замонаши во својата осумнаесетта година и основа манастир со типикот на свети Пахомиј. Трновскиот архиепископ Евстатиј, во 1134 година го ракоположи за епископ Мегленски.
Свети Иларион речиси сиот живот водеше голема борба против богомилите и против ерменските еретици. Но, со својата духовна ученост и со својата светост неспоредливо ги посрами сите и мнозина од нив ги приведе кон Православието. Се упокои мирно во Господ во 1164 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Предложивме студентскиот оброк да се зголеми…
Покачување на субвенционираниот студентски оброк од сегашните…
Девет месеци силувал дете помладо од 15…
СВР Куманово поднесе кривична пријава против лицето…
(Видео) Пронајдени и извадени над 1700 гранати…
Над 1.700 гранати се пронајдени и извадени…
Студентската листа во Србија бара оставки во…
Претставниците на Студентската листа „Студентите победуваат“ во…
Прегазен пешак на булевар во Скопје
МВР информира дека синоќа во 20:40 часот…