Денес се празнува Свети Павле Исповедник, патријарх Цариградски

t

Кога блажениот патријарх Александар лежеше на смртна постела, ужалените верни го прашуваа кого го остава зад себе за архипастир на словесното стадо Христово. Болниот патријарх им рече: „Ако сакате да имате патријарх којшто ќе ве учи и ќе ви блеска со добродетел, изберете го Павле, а ако сакате да имате само убав човек и само однадвор украсен, изберете го Македониј“.

Народот го избра Павле. Но, ова не им беше право на аријанските еретици ниту на царот Констанциј, којшто во тоа време беше во Антиохија. И наскоро го симнаа Павле и тој заедно со свети Атанасиј Велики побегна во Рим, каде што обајцата беа добро примени од папата Јулиј и од царот Констанс, коишто ги поддржаа во нивната православна вера.

На писмо од царот Констанс и папата Јулиј, Павле го вратија на престолот, но кога умре овој цар аријанците кренаа глава и го протераа православниот патријарх во Кукуз во Ерменија. Во прогонство, свети Павле еднаш служејќи литургија беше нападнат од аријанците и удавен со омофорот, во 351 година. Во времето на царот Теодосиј неговите мошти во 381 година беа пренесени во Цариград, а во 1236 година во Венеција, каде што се наоѓаат и денес. Неговите омилени клирици и секретари Маркијан и Мартириј пострадаа наскоро после својот патријарх (се слават на 25 октомври).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Според Календарот на МПЦ утре се празнуваат…

Соборот на Руските новомаченици и исповедници се…

Денеска се празнува Преподобен Григориј Декаполит

Роден е во Декапол Исавриски, од Сергиј…

Денес се сеќаваме на Светите маченици Гуриј,…

Гуриј и Самон беа угледни едески граѓани.…

Денеска е Свети Павле Исповедник, патријарх Цариградски

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Денеска е Свети…

Епископот Марко устоличен во новата Делчевско-каменичка епархија…

Во црквата Успение на Пресвета Богородица во…