Депонијата е потрупана и во наредните денови ќе биде целосно санирана, вели градоначалникот на Радовиш

t

Градоначалникот на Радовиш, Љупчо Почивалец, информираше дека продолжуваат активностите за санација на градската депонија по пожарот што ја зафати изминатите денови.

Според него, на терен интензивно се работи на потрупување на депонијата со земја и песок со цел целосно задушување на жариштата и спречување на понатамошно ширење.

Почивалец посочи дека на одредени места сè уште има чад, но проценките се дека состојбата ќе биде целосно санирана во наредните денови.

Тој нагласи дека надлежните служби остануваат постојано на терен и продолжуваат со активности за стабилизирање на депонијата.

Во акцијата се вклучени багери, кипери, камиони и друга градежна механизација, со цел побрзо и поефикасно справување со последиците од пожарот и целосна санација на теренот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦУК: Активни се четири пожари

Активни се четири од 14 регистрирани пожари…

Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…

Чистење двор или спој на разлабавени електрични…

Опожарени две возила во скопски Аеродром

Во раните утрински часови во Скопје избувнал…

(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград

Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…

Мачки активирале рингли во Баварија и предизвикале…

Две мачки предизвикале голем пожар во стан…