Десетици граѓани повикани во полициска станица по вчерашните немири во Кочани: Неофицијално Централата во Скопје ја превзема во целост контролата на градот
Десетици граѓани кои биле забележани на вчерашните протести во Кочани кои прераснаа во немири се повикани во полициска станица на информативен разговор во текот на денешниот ден дознава Инфомакс од свои извори во полицијата.
Полицијата во Кочани им се пожалила на граѓаните дека тие не се виновни што се повикани во полициска станица туку дека тоа е наредба од горе, мислејќи на Скопје и министерството за внатрешни работи.
Понатаму се говори дека во моментов и во наредните денови локалните полициски службеници практично се со изземени ингеренции и дека за безбедноста на протестите кои се најавени и за денес ќе се грижат екипи од цела Македонија.
Неофицијално веќе во градот се пристигнати поголем број на полициски службеници.
Едно од клучните прашања кои ги поставувала полицијата е кој е огранизаторот на вчерашниот протест, но и на денешниот и на оние кои се очекува да се одржуваат во наредните денови.
Инаку денес низ цела Македонија во сите градови во 18:00 се организираат протести на плоштадите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Млада битолчанка со остар предмет го нападнала…
Вчерашната вечер не се покажала како празнична…
Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…
„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…
Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…
Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…
Трајко Славески за лошите резултати на учениците:…
Во објава на социјалните мрежи, актуалниот гувернер…
Од сабота „Безбеден град“ и во Велес
„Безбеден град“ од сабота, 12 септември, почнува…