Детали за блокадите: Непроодни ќе бидат и магистралните патишта Штип – Велес, Струмица – Радовиш и Плетвар – Прилеп

t

Утре Македонија ќе биде блокирана еден час како знак на протест поради францускиот предлог. На вечерашниот протест пред Собранието беше најавено дека утре ќе има промена во начинот на протестирање.

Во периодот од 13 до 14 часот ќе бидат поставени повеќе блокади на 4 места низ земјата.

Утре продолжуваме со блокади низ Македонија. На 4 места, во Скопје пред владата, како и блокирање на магистралните патишта Штип Велес, Струмица Радовиш и Плетвар Прилеп.

Повикуваме на масовност да кажеме НЕ на ултиматумот за бугаризација на Македонија, НЕ за бруталноста и полициските местенки, ДА за иднината на Македонија. Сабота во знак на почит на сограѓаните муслимани кои чествуваат празник нема да има протести.

Продолжуваме масовно со протестирање во Скопје, НЕДЕЛА во 19 часот пред влада, порачува организаторот „Ултиматум, не, благодарам!“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Белград протест на српската опозиција, го…

Стотици демонстранти се упатуваат кон Републичката изборна…

Илјадници протестираа законот за амнестија на каталонските…

Договорот за амнестија го склучи Социјалистичката партија…

(Видео) Над 100 000 луѓе на улиците…

Вчера имаше масовни пропалестински протести во Вашингтон,…

(Видео) Масовен протест во Атина со поддршка…

Масовен протест во Атина, илјадници луѓе излегоа…

(Видео) И денес масовни протести во Јордан…

Илјадници луѓе и денес протестираат поради бомбардирањето…