ДЕТАЛИ ЗА ПУКАЊЕТО ПРЕД ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА! Претходела физичка пресметка, се трага по пет лица!
Локалните медиуми јавуваат дека пред неколку моменти во вооружена пресметка биле повредени две лица. Нападот се случил во Одделението за итна помош.
Во дворот на болницата се гледаат полицајци вооружени со автомати, јавува Алмакос.
Како што дознаваме, едното повредено лице предмалку е префрлено на скопските клиники.
Од МВР за Инфомакс го потврдија настанот.
– Денеска околу 18 часот и 5 минути во СВР Тетово пријавено е дека пред влезот на Ургентен центар во тетовската Клиничка болница било пукано во две лица од тетовското село Гајре, кои се здобиле со прострелни рани. Служби на СВР Тетово и јавен обвинител се на лице место и се преземаат мерки за пронаоѓање на пет лица, кои се сомничат во врска со случајот. Инаку, на овој случај денеска, исто така, му претходела физичка пресметка помеѓу еден од ранетите и еден од осомничените за учество во пукањето. Се работи на расчистување на случајот, велат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Репрезентативец на Албанија доби мурал на ѕид…
Недим Бајрами, играчот од средниот ред на…
Насилник од Тетово му се заканувал на…
43-годишен жител на Тетово ќе одговара за…
Омилената докторка на повредените е нова директорка…
Д-р Катерина Паниќ – Мирчовска е нова…
Mедициските сестри од Тетово најавија протест во…
На медицинските сестри од Клиничката болница Тетово,…
Арсовска: Еве како МВР постапува кога некој…
Читај народе, како МВР постапува ВЕДНАШ кога…