Детали за синоќешната сообраќајка на скопската обиколница – тројца завршија во болница
Полицијата излезе со детали за синоќешниот верижен судир на скопската обиколница пред излезот на село Смилковци во правец кон Стајковци. Во несреќата учествувале повеќе автомобили, камион и автобус, а сообраќајот беше затворен.
-На 22.01.2025 околу 20.20 ч. во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница Скопје, клучка Бутел кај Смилковско езеро кон Арачиново, се случила сообраќајна незгода во која учествувале три патнички возила, товарно возило и паркиран автобус. Од незгодата со повреди се здобиле тројца учесници кои се пренесени во скопските клиники, наведуваат од МВР.
Сообраќајот на обиколницата бил отежнат поради густа магла.
Од полицијата најавуваат повеќе детали во текот на денот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен e возачот по трагедијата во која…
Полицијата го уапси возачот на автомобилот по…
Камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа…
Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички…
(Фото) Слета во бездна длабока 150 метри,…
Возачот кој утрово со својот автомобил слета…
Пронајден е возачот што удри две лица…
Денеска (16.05.2026) полициски службеници од Единицата за…
Пуштена во употреба реконструираната обиколница во Крива…
,Денеска присуствував на пуштање во употреба на…