Детали за сообраќајката на патот Скопје-Куманово: За среќа нема повредени

t

Денеска (17.12.2024) околу 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Куманово, кај клучка Дељадровце, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.С.(42) од Куманово, патничко возило „фиат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(34) од Куманово и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Р.(33) од Скопје.
Исто така, во 17.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на истото место се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки и товарно возило со странски регистарски ознаки.
Нема повредени во две незгоди, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. За време на вршење на увидот сообраќајот за товарни возила се пренасочувал кон Миладиновци , а за патнички возила се одвивал отежнато по една сообраќајна лента.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен e возачот по трагедијата во која…

Полицијата го уапси возачот на автомобилот по…

Камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа…

Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички…

(Фото) Слета во бездна длабока 150 метри,…

Возачот кој утрово со својот автомобил слета…

Пронајден е возачот што удри две лица…

Денеска (16.05.2026) полициски службеници од Единицата за…

Прекин на сообраќајот на патниот правец Скопје-Куманово…

AMСМ известува за прекина на сообраќајот. -…