Детали за тpагичната сообраќајка во која животот го загуби едно лице, а две беа тешко повредени
На 15.02.2022 во 18.00 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на магистрален пат Градско-Прилеп се случила сообраќајна несреќа во која учествувале товарно возило „волво“ со приклучно возило, со светиниколски регистарски ознаки, управувано од С.Л.(48) од Свети Николе, патничко возило „голф“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(39) од Прилеп и патничко возило „бмв“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(30) од Битола. По несреќата, возачот Д.К. и сопатниците од неговото возило П.К.(38) и малолетник, двајцата од Прилеп, биле пренесени во Општата болница во Кавадарци каде Д.К. починал, додека кај сопатниците биле констатирани тешки телесни повреди. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција. Увид извршила увидна екипа од Полициска станица Кавадарци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен e возачот по трагедијата во која…
Полицијата го уапси возачот на автомобилот по…
Камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа…
Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички…
(Фото) Слета во бездна длабока 150 метри,…
Возачот кој утрово со својот автомобил слета…
Пронајден е возачот што удри две лица…
Денеска (16.05.2026) полициски службеници од Единицата за…
Тројцата загинати работници веројатно се од Непал…
Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на…