Објавено на:

Детали за “филмското” убиство во Лесковац: Биљана изградила ѕид за да го сокрие забетонираното тело на сопругот што го убила

t

Српската полиција телото на Иван Стојановиќ (40) од Велико Трњане кај Лесковац го пронајде во буре, полиено со бетон. Извршител на грозоморното убиство со секира е неговата сопруга Биљана (38) која пред неколку дена изврши самоубиство. На денот на нејзиниот погреб добиена е дојава дека телото на нејзиниот сопруг е закопано во семејната куќа.

Очевидци велат дека телото на Иван Стојановиќ било пронајдено во буре, бетонирано во „чучната положба“, но дека веројатно поради бетонот не му паднал ниту еден дел од телото, иако било таму три години.

-Кога го отстраниле малтерот, видливи биле повреди со сечило по целото тело, слични на оние што можеле да се нанесат само со секира – вели роднина на Стојановиќ, кој ја видел страшната глетка и се преплашил.

Бурето, според српските медиуми, се наоѓало зад ѕидот кој подоцна бил дограден.

-Тој ѕид во еден агол беше од тули и малтер, а преку него беа фрлени некои работи, отпад. Ѕидот е аматерски. Или е направен набрзина или е изграден од женска рака – вели тој.

Имаше љубовник две години

Биљана околу две години била во врска со дипломиран правник од селото Славуевац, од Вучјанскиот крај, и засега овој млад 28-годишен човек не е осомничен за соучество во делото.

Младиот човек му рекол на својот пријател дека не знае ништо повеќе за покојниот Иван да и каже на полицијата освен дека работел во Русија и дека и самиот бил шокиран од тоа што го прашала полицијата и што подоцна го прочитал во медиумите.

– Не знаев дека е вакво чудовиште – искоментирал тој најверојатно мислејќи на Биљана.

Лажела дека разговара со сопругот

Од друга страна, Иван Стојановиќ последен пат влегол во Србија во 2019 година. Селаните тогаш, како што велат, го виделе извесно време, па повторно им исчезнал од очите, а од Биљана добиле информација дека се вратил во Русија, но нема потврда дека повторно ја напуштил Србија.

Она што сега е сигурно е дека лажела дека наводно се слуша со нејзиниот сопруг кој според нејзините верзии не можел да се врати од Русија од разни причини кои таа им ги сервирала.

Се чека резултат од обдукцијата

Точниот датум на неговата смрт ќе се знае кога ќе пристигнат резултатите од обдукцијата, а причината за смртта на Биљана кога ќе пристигнат токсиколошките резултати, за што ќе треба подолг временски период.

Во меѓувреме низ селото почнале да се шират информации дека, наводно, надворешната врата од собата во која била пронајдена мртва Биљана била затворена од некој предмет однадвор па полицијата сега ги испрашува сите мештани во рамки на истрагата и за околностите на нејзината смрт која го разоткри и убиството на сопругот кое веројатно таа го извршила пред три години. Наводно секирата, со која е убиен сопругот е пронајдена на таванот завиткана во најлонска кеса.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српската полиција на нозе, се контролираат сите…

Веста за бруталното убиство на Вања не…

Издадена меѓународна потерница за Љупчо Палевски, осомничен…

Министерството за внатрешни работи издаде меѓународна потерница…

Монструозно: Таткото на Вања направи ЛАЈК со…

Таткото на Вања попладнево e донесен во…

Психолози: Без разлика на тоа што еден…

Откако случајот со 14-годишната Вања Ѓорчевска од…

Медиумите во регинот за убиството на Вања…

Медиумите од регионот објавија вести за најновите…