ДЕТАЛИ: Изгореа два стана во зграда во Штип, повредени две лица

t

Пожар избувна во зграда на улицата „Широк дол“ во Штип. Според командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев опожарени се два стана во зградата.

Пожарникарите со маски и боци со кислород ги извлекуваа станарите од зградите. Коцев вели дека пожарот е изгаснат, а дојавата е од страна на станарите во 18.35 часот. На терен се излезени 16 пожарникари со четри возила на ТППЕ-Штип.

Станарите велат дека глетката била страшна, а пожарот избувнал во стан, во кој немало струја. Според нејзините соседи ова не е првпат да се запали овој стан, се сомневаат дека пожарот настанал од запалена свеќа.

Според надлежните од Итната медицинска помош во пожарот полесно се повредени две лица, на кои медицинскиот тим им даде и кислородона поддршка. Полицијата е самото место, по што ќе следи увидот и утврдување на причините за пожарот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дурловски повика Македонија да испрати дарувана крв…

Оперскиот пејач Игор Дурловски упати иницијатива Македонија…

(Видео) Емануел и Брижит ја пречекаа Сиљановска-Давкова…

На маргините на Парискиот мировен форум, претседателката…

Израелски медиуми: Трамп и Нетанјаху имале жестока…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, и израелскиот премиер,…

Семејството Макрон поднесе нова тужба против жената…

Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга,…

Нови детали за трагедијата во Бугарија: Запрен…

Запрен романски камион во возната лента можеби…