Децата во Србија ќе ја имаат најдобрата нега – ЕУ и донира 35 милиони евра на Србија за детска болница
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и европскиот комесар за проширување Оливер Вархеј денеска направија обиколка околу изградбата на Универзитетската детска клиника “Tиршова 2”
После обиколката, претседателот Вучиќ и комесарот Вархеј се обратија на јавноста.
“Ова место за изградба на детска болница е ипресивно, огромно, поголемо од еден фубалски стадиом. Важно е дека почетните работи, кои се најкомплицирани ќе бидат завршени до ноевмри. Тука има 60.000 метри квадратни, од кои 40.000 ќе бидат медицински простор а останатото ќе бидат магацини, гаражи и паркинзи. Овој проект и одзеде големо внимание на ЕУ, и тие ќе ни дадат поклон од 35 милиони евра” – изјави Вучиќ.
“Ова е единствен позитивен ефект од ковидот, кој не натера да размислиме како да создадеме нова стварност. Сега здравјето се цени повеќе од порано. Многу сум задоволен што се ова го видов во Србија. Претседателот на Србија, како и сите смета дека здравјето на нашите деца е најважно. ЕУ никогаш до сега не поддржала толку голем здравствен проект” – додаде Вархеј.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србија отвори фабрика за израелски дронови, Вучиќ…
Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека денеска…
Мецола: Австралија и Нов Зеланд може да…
Земји како Австралија и Нов Зеланд би…
Карни: Канада ја прифаќа понудата за „придружно…
Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека Канада…
Македонската партија во Србија застана зад Студентската…
Македонската партија на Србија јавно ја поддржа…
Фон дер Лајен: Со Кина зборовите се…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…