Децата кои не се спремни нема да мораат да одат на настава во училиштето во кое се случи масакар во Белград
Децата од ОУ „Владислав Рибникар“ кои не се подготвени да одат на настава не мораат, а секое дете и неговите родители во секое време ќе можат да ја сменат таа одлука, се вели во најновото соопштение на Министерството за образование.
Министерството за образование, врз основа на одлука на училишниот педагошки колегиум и во договор со Советот на родители на Основното училиште „Владислав Рибникар“ и Работната група за подобрување на менталното здравје и безбедноста на младите, даде препорака за организација на воспитно-образовна работа и воннаставни активности до крајот на учебната година, за сите ученици на Експерименталното основно училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.
Како што е соопштено, препораките се како што следува:
- Секое дете кое не се чувствува подготвено да посетува настава и на кое му е потребна поддршка е обезбедено од професионалци.
- Часовите, како и другите облици на поддршка на процесот на учење, се одржуваат исклучиво за деца чии родители изразиле желба за тоа.
- Секој родител има можност, во секое време, да ја промени одлуката според моменталните чувства на своето дете.
- Министерството за образование подготвува предлог за посебен модел на запишување во средно училиште за учениците од 8-мо одделение од ОУ „Владислав Рибникар“, кој најпрво треба да им биде претставен на родителите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Неизвесно е дали ректорот на Белградскиот универзитет…
Сè уште е неизвесно дали ректорот на…
Стан во Белград платен 2,6 милиони евра,…
Во првата половина од 2026 година, најскапо…
Уапсен Турчинот осомничен дека ја убил и…
Турски државјанин на возраст од 25 години…
Родителите од Долни Балван на протест против…
„Моменатлно имаме 14 деца и нив ќе…
“Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да…
На денешен ден, 16 јуни 1943 година…