Дешамп: Полесно ќе беше да изгубиме со 3:0!
Селекторот на Франција, Дидие Дешамп даде свое видување за вечерашното финалето со Аргентина на Светското првенство 2022.
Франција загуби на пенали, иако се врати по 0:2 и во продолженијата по 2:3.
– Сега има уште повеќе жалење отколку да загубивме со 3:0. Тогаш немаше да има за што да се зборува. Не го направивме тоа што требаше да го направиме цел час, но потоа покажавме храброст, енергија, умешност. Меѓутоа, како заврши сето тоа? Загубивме, но ако допрете нешто, а тоа ви се лизне од раце, само станува потешко. Ќе мора да се помириме со ова. Направив рани замени бидејќи не бев задоволен, мислев дека можеме подобро. Тоа не значи дека заменетите играчи се повеќе виновни од другите. Од различни причини не успеавме да ги покажеме нашите сили, но нема да навлегувам во детали. Успеавме да ја превртиме многу тешката ситуација благодарение на умешноста и волјата, но тоа не беше доволно, рече Дешамп на „TF1“.
По натпреварот, претседателот на Франција, Емануел Макрон го замоли Дешам да остане на селекторското место на „триколорите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Речиси 3 недели екстремна топлина во Франција,…
Франција регистрираше околу 1.243 смртни случаи повеќе…
Во Франција е поништен законот со кој…
Францускиот уставен совет, телото кое проверува дали…
Дипломатски скандал ја тресе Франција – млади…
Франција покрена дисциплинска постапка против својот амбасадор…
Софи Адено ќе стане првата Французинка што…
Минатиот февруари, Софи Адено влезе во историјата…
Медузи ги запреа трите реактори на една…
Голем рој медузи предизвика привремено запирање на…