ДЗР: Не се одржува системот кој треба да го следи финансиското работење на 40 државни институции
Нема навремено и комплетно дигитално следење на сметководствено-финансиските услуги на 40 државни институции, вклучувајќи и десет министерства преку кои минуваат речиси 19 проценти од државниот Буџет, бидејќи системот за Интегрирано планирање на ресурсите (ИПР) ниту се одржува, ниту се пополнува, ниту се контролира како што е пропишано, покажува последниот извештај на Државниот завод за ревизија.
Со овој систем управува Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР), но го користат и министерствата за економија, правда, здравство, транспорт и врски, Антикорупциската комисија, АХВ, пазарниот инспекторат, Бирото за метрологија…
Според извештајот на ДЗР, со неодржувањето и другите слабости се доведува во прашање точноста на финансиските извештаи на државните институции и безбедноста на нивните податоци.
„Овој пристап го зголемува ризикот од нецелосно евидентирање на обврските и влијае врз точноста на финансиските извештаи и извештаите за финансиската состојба, како и на квалитетот на податоците и информациите кои тие ги даваат“, велат од Државниот завод за ревизија (ДЗР) во извештајот.
Во период од цели пет години од декември 2019-та до декември 2024 година, немало валиден договор за одржување на системот, утврдиле државните ревизори.
Во извештајот пишува и дека се користат застарени оперативни системи, заеднички лозинки без двојна потврда, како и неажурирани резервни копии, а тоа се само дел од слабостите на системот за интегрирано планирање кои ги нотира ДЗР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Испораките на руски гас за Турција речиси…
Испораките на руски гас за Турција преку…
Во изминатото деноноќие 11 пријави за семејно…
Во изминатото деноноќие, на територија на целата…
Хоџа: Инвестициите во еколошки технологии носат почист…
Напредокот на терен е очигледен, а зелениот…
(Видео) Студентите предводеа национален протест во Тирана,…
Студентите и поддржувачите на албанската опозиција денеска…
Расте бројот на загинати во Краков, напаѓачот…
Бројот на загинати во вооружениот напад што…