Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе нова одлука за цената на горивата и нафтените деривати. Според РКЕ, бензините поскапуваат, додека дизелот поевтинува.
Од 25.3.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 40,755 (денари/килограм)
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,590 ден/кг и сега ќе изнесува 40,755 ден/кг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонски државјанин приведен во Загреб по инцидент…
Македонски државјанин бил приведен по слетувањето на…
Подготвени сме за сите сценарија со Турција,…
Подготвени сме за секое сценарио. Не стравувам…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС кога зборува за економијата да…
Кога СДС зборува за јавниот долг, прво…
СДСМ: Мицкоски на прославата за независност повторно…
На прославата за 35 години независна Македонија,…
Нетанјаху демантира дека ОАЕ го предупредиле пред…
Претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Мохамед бин…