ДИМИТАР И ЕЛЕНА КОВАЧЕВСКИ ГОСТИ НА ЕМАНУЕЛ И БРИЖИТ МАКРОН; Работна вечера за учесниците на Парискиот форум
Премиерот Димитар Ковачевски и неговата сопруга Елена Ковачевска синоќа во Елисејската палата беа гости на работната вечера со претседателот на Француската Република Емануел Макрон, во пресрет на Мировниот форум кој се одржува во Париз.
Работната вечера за шефовите на држави и влади ја организираа шефот на француската држава и неговата сопруга Брижит Макрон.
„Да ја споделиме определбата за здружено дејствување и ефикасни одговори на актуелните предизвици во светот“, објави синоќа на Фејсбук премиерот Ковачевски, со фотографија на која тој се ракува со Макрон.
Парискиот мировен форум е инициран од Макрон во 2018 година со цел да ги собере светските лидери за соработка како клучен фактор за соочување со глобалните предизвици и обезбедување траен мир. Годинашниот форум е насловен „Потрага по заеднички јазик во свет на ривалство“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Родителите на загинатите од Пулс гневни на…
КОЛКУ БЕЗЧУВСТВИТЕЛНОСТ Е ПОТРЕБНА ЗА ВАКВА ИЗЈАВА…
Мицкоски: Очекуваме наскоро да почнат преговорите со…
Македонија очекува европските партнери да го вреднуваат…
НОВ ЦЕНОВЕН ШОК НА НАФТЕНИТЕ ПАЗАРИ: Брент…
Цената на суровата нафта од типот „брент“…
ПРВО АКЦИСКИ ПЛАН ЗА МАЛЦИНСТВА, ДОГОВОРЕН СО…
Премиерот Христијан Мицкоски смета дека пред евентуалните…
Лукашенко: Се подготвуваме за војна, но правиме…
Се подготвуваме за војна, но правиме сè…