Објавено на:

Димитриевски нема вечно да чека на Валенсија, ама сигурно нема да оди во С. Арабија!

t

Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, се наоѓа во помалку непријатна ситуација, со оглед што веќе има начелен договор со Валенсија за трансфер летово, но тој се уште не е официјално потпишан бидејќи клубот од „Месталја“ прво треба да го продаде сегашниот чувар на мрежата, Мамардашвили.

Тој полека губи трпение, со оглед што сегашниот договор со Рајо Валјекано му завршува на 30 јуни, но според шпанските медиуми прифатил да почека на Валенсија точно до датумот кога ќе стане слободен агент. Ако управата на овој клуб до тогаш не ги реши внатрешните проблеми со Грузиецот, за кого бараат огромни 30 милиони евра, тогаш тој ќе си побара друга средина, па дури ќе размислу да го обнови договорот со Рајо за нешто помала сума од таа што би ја добил на „Месталја“.

Шпанските медиуми потенцираат дека Димитриевски поради интересот од Валенсија веќе ги одбил Бетис и Севилја, но и дека во моментов имал две исклучително богати понуди од Саудиска Арабија. Но, Македонецот во моментов воопшто не ни размислувал за преселба на Блискиот Исток без разлика на парите, бидејќи смета дека се уште има што да покаже на елитната европска сцена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Mихајлова: Тоа што сум родена во Македонија…

Ива Михајлова даде интервју за бугарските медиуми.На…

Трамп: Америка со последните избори направи голем…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска оцени дека…

Сиљановска-Давкова упати сочувство до Полска по нападот…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изрази сочувство до семејствата…

Пред 85 години првпат е изведена песната…

На денешен ден, 8 ноември, пред точно…

Нови случаи на семејно насилство: закани со…

Маж се заканувал со дрвен предмет на…