Димитриеска Кочоска: Загрижувачки е што нема средства да се плати гасот, ситуацијата може да стане алармантна

t

Загрижувачка е изјавата на претседателот на Регулаторна комисија за енергетика дека нема финансиски средства да се плати гасот, затоа што ако се нема пари што ќе добиеме, вели Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ за Анализа на ТВ24, додавајќи дека тоа објаснува зошто граѓаните имаат послабо греење во домовите.

Димитриеска Кочоска потенцира дека затоа не е прашање дали БЕГ испорачува или не, туку прашањето е која е температурата на радијаторите во просториите дома, бидејќи ако ги слушнете граѓаните секаде има премногу поплаки.

Тоа е така затоа што ТЕ-ТО кој произведува електрична енергија за цел месец јануари има договорено производство за периодот од понеделник до петок, а за сабота и недела нема производство. ТЕ-ТО е приватна фирма, работи за профит, тоа значи дека кога произведува струја има остатоци на топлинска енергија која ја предава, на БЕГ, односно во ситуацијата тоа е од понеделник до петок, рече Димитриеска Кочоска.

Таа истакна дека прашањето е колку гас има затоа што очигледно не е доволен, и радијаторите кај граѓаните дома послабо грејат.

Финансиската состојба на БЕГ загрижува и ако не се во состојба да ги платат обврските тоа е аларматно и владата треба да разговара по ова прашање. Граѓаните ќе се доведат во тешка состојба дома, некои се грејат со клима плус и дополнително ќе го оптовари тој систем, но и финансиите, нагласи Димитриеска Кочоска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Каракачанов посоодветно е да ги покани…

Во однос на поканата на Каракачанов до…

Милошоски: СДСМ ги саботира измените на изборното…

ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува инцијативата на министерот за…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче…

Пензионерите денес имаат конкретени резултати кои што…

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си ги мерат „АРМИИТЕ“…

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ денес повторно…

ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче му смета секој успех…

Филипче денес се најде да зборува за…