Димитријевиќ: СДСМ интензивно се подготвува за локалните избори

t

СДСМ интензивно се подготвува за претстојните локални избори, се работи на програмскиот дел, правиме широки консултации со членството, започнавме и анкети за да излеземе со најдобрата понуда пред граѓаните, рече генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ во емисијата „Трилинг“ на ТВ 24.

-Започнати сме со програмскиот дел, прибираме предлози од членството, симпатизерите, граѓаните кои треба да бидат вметнати . Правиме широки консултации со членството и онаа флоскула која во минатото е употребувана – дека СДСМ во ја научила грешката, сега се спроведува на дело. Како партија ќе излеземе со најдобрата и програма и персонални решенија на наредните локални избори, рече Димитријевиќ.

Секаде каде што има градоначалници од СДСМ нема никаква поддршка и помош од страна на централната власт, напротив само притисоци и уцени кон тие општини, додаде Димитријевиќ.

-Можам да кажам дека и покрај сите притисоци коишто ги врши централната власт врз општините кои имаат градоначалник од СДСМ, на дело се покажува дека општините кои се раководени од нашите градоначалници, во изминатиов период имаат најголема реализација и на капитални проекти, но и на решавање на сите други проблеми, рече генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата забрзува со раст од 4,З…

Додека СДС очајува и ликува на неуспех,…

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги нарече граѓаните ИДИОТИ

СДС го проби дното и ги нарече…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДСМ против дата-центрите, дури…

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека претседателот на СДСМ, Венко…

Петровски: Го сменија името, сега ја бараат…

*Објава на Фејсбук на Филип Петровски СЕГА…

Мицкоски: Ги враќаме долговите на СДСМ, земаа…

Ги враќаме долговите на СДСМ, земаа кредити…