Димитров контра Ковачевски: Лично ги разобличував тезите на Софија во ЕУ, ме напаѓаа и мене

t

Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров не се согласува со премиерот Димитар Ковачевски дека сите земји членки на ЕУ ја оправдувале уцената на Бугарија со историјата. Според него, низ Европа нема разбирање за, како што вели, анахроните антиевропски бугарски позиции.

-Впрочем, поплаките во Софија дека нема доволно солидарност кон нив и дека не се разбрани, се јавна тема кај комшиите веќе подолго време. А на истата линија беа и обвинувањата кон мене директно од Софија, оти практично им ги разобличував тезите обезбедувајќи да бидат осамени во небулозите, наведува Димитров.

Поранешниот вицепремиер смета дека изјавата на Ковачевски може да биде и опасна и лесно да биде злоупотребена како притисок токму врз македонските позиции.

-Оти оди на линија на Радев, кој упорно пласира вакви тези веројатно терајќи домашна политика со прашањето. Бидејќи „пријателство” изградено на криви основи, едноставно нема да опстои. Бугарија има подобра преговарачка позиција бидејќи е земја членка, но токму затоа не смееме да престанеме да потсетуваме дека на наша страна се принципите, европските вредности и меѓународното право. И да се бориме за нив. И да бараме помош кај другите земји членки бидејќи се бориме и за образот на Унијата. А не да се навлекуваме на бугарските тези дека поведението им е прифатено и поддржано, потенцира Димитров и додава:

-Па ние ќе се срамиме и ќе се стегаме гласно да викнеме дека ни се газат основните права и достоинство? Или ќе направиме Радев да се срами кога вели дека ЕУ не смеела да го “легитимира македонизмот”?

Извор: Локално

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…

Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…

Економската соработка и интеграцијата на земјите е…

Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос

Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…