Димитров открива – македонската дипломатија ќе доживее целосен пораз: Влезот на Бугарите во Уставот ќе стане услов за членство во ЕУ, тоа ќе го бара Ковачевски

t

Во интервју за Еуроактив премиерот Петков најавува дека со премиерот Ковачевски ќе испратат заедничко писмо до Брисел со кое ќе побараат вметнувањето на Бугарите во македонскиот Устав да стане европски услов и за неговото исполнување да гарантира Брисел, предупредува поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров преку неговиот профил на Фејсбук.

„Значи, ние самите бараме бугарското барање да стане европско. Понатаму, Петков зборува за некаква потреба од правна заштита за етничките Бугари кај нас, нешто што веќе е уставно гарантирано за сите македонски граѓани без разлика на нивната етничка припадност“, наведува тој.

Ако ова писмо се прати, предупредува Димитров, Владата практично би се обврзала на нешто за кое не е уставно надлежна (измена на Уставот прави Собранието со 80 пратеници) и второ, како што вели, повторно ние правиме концесија, без притоа да има договор за прашањата што во проблемот со Бугарија нам ни се клучно важни, како на пример – чист македонски јазик во преговарачката рамка.

„Ова или води кон целосна победа/пораз договор, или кон отежнување на било каков договор во иднина, бидејќи со оваа тактика јасно е оти ќе останат како нерешени само прашањата што нам ни се суштествени. Затоа, за овој чекор да има елементарна логика, во најмала рака Бугарија во истото писмо треба да се обврзе дека ќе ја прифати рамката во која за македонскиот јазик нема да има (до)објаснувања, заедно со другите суштински елементи за македонската страна, како што е на пример фактот дека нашето делување во Советот на Европа никако не може да се подведе под мешање во внатрешните работи на Бугарија. Главното прашање е – дали е тоа обезбедено? Искрено се надевам дека е така. Оти без таква гаранција, ова не само што би било исполнување на уште едно нивно барање без никаква возвратна концесија, туку е рамно на национален пораз“, смета Димитров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи+Видео) Ова се доказите за соработката помеѓу…

Maкедонската јавнос е во шок по деталите…

Добри вести од соседството, пронајдена e Сара!…

Пронајдена е Сара П.(17) од Борча која…

Koнечно искрен политичар: Не верувајте на сѐ…

Не верувајте во сѐ што ви кажуваме.…

Не за џабе ја нарекуваат Белата Палата:…

Истакнат член на партијата и близок човек…

(Видео) ПЕРО АНТИЌ „МУ ГО ЧУВА ГРБОТ“…

Поранешниот прославен македонски кошаркар и актуелен претседател…