Димовски ја попари Владата: Гарантирам дека инфлацијата не е 16 туку 22%!

t

Како Сојуз на синдикати на Македонија првин нема да дозволиме одредени политички партии да манипулираат со работниците и воопшто со народот. Тоа го велам и за јавниот и за приватниот сектор. Ние сме првиот синдикат кој што ја тужи Владата за непочитување на Закон кој што самата си го донела. Истото тоа ќе го направиме и пред Европскиот Совет, каде што јасно ќе кажеме дека сме одлучни да идеме до крај, истакна Дарко Димовски, претседател на ССМ во емисија „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Димовски додаде дека не оди работата вака како што тргнала бидејќи Владата ги избегнува синдикатите, ги манипулира со одредени мерки демек за заштита на работници од отпуштање, со субвенционирање. Но од тие владини мерки граѓаните ништо не чувствуваат, освен кога ќе излезат до продавница и кога ќе видат дека цените се до плафон, а платите се обезвреднети согласно двоцифрената инфлација.

„Од Владата велат дека инфлацијата е 16.8%, а јас гарантирам според пресметките на ССМ дека таа е повеќе од 22%“, нагласи Димовски.

Тој посочи дека министерот Бесими, или пак министерката на МТСП не треба да кажат дека ќе има покачување, тоа јасно си го кажува Законот за минимална плата, каде што јасно вели дека со порастот на минималната плата која се усогласува секој март има рок социјалниот партнер дали е од приватниот, или јавниот сектор да ги усогласат платите на останатите работници со тој пораст.

„Ние имавме пораст од 18.4%, еве дојде војната во Украина, уште е неизвесна и така натаму, чувствуваме што ни се случува по тој основ, веќе влегуваме и во длабока рецесија, и затоа ние велиме дај една солидарна основа од чистачката до претседателот на државата да дадеме во износ од 2.800 денари ама уште од први мај покачување, пред да поминат тие шест месеци. Тоа го баравме за да можеме ние работниците и севкупниот народ, и пензионерите да избалансираме нешто пред да доде кризата, подготвени да бидеме и да го амортизираме тој удар што сега ни се случува. Сега викаат енергетска криза, не знаеме што ќе биде до октомври. Па ние работниците знаеме што ќе биде, нема да можеме да си ги платиме сметките. Лебот ни беше 30 денари, сега просечна цена е 70-тина денари. Зејтинот ни беше 50 денари, сега е 130-тина денари и тоа најевтиниот, и тоа го кратат нема веќе од еден литар туку по 900 милилитри, 750 милилитри“, појасни тој.

-Ако мислат да флертуваат со стопанските комори, а ние да им бидеме декор, или ако мислат дека треба да се помогне само на работодавачите, а работникот да чека да дојде јануари 2023 година, па ние ако немаме да преживееме октомври – ноември зар мислите дека тогаш некој ќе ги спречи работниците и македонскиот народ да излезат на улица. Власта не знае со што се игра“, рече Димовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Американски топ дипломат го уништи Христијан…

Заменикот на државниот секретар на САД, О'Брајан…

(Видео) ЛИДЕРСКА СРЕДБА ВО ПОНЕДЕЛНИК! Ова се…

Уставни измени, претседателски и парламентари избори и…

Ќе падне Владата на Шолц? Се бараат…

Лидерот на Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), Маркус Зодер,…

Илјадници протестираа законот за амнестија на каталонските…

Договорот за амнестија го склучи Социјалистичката партија…

Лидерот на опозицијата во Израел му порача…

Премиерот мора да биде заменет со стабилна…