Дипломатска офанзива: Лавров во посета на неколку земји од Латинска Америка
Министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров од денеска до 21 април ќе ги посети земјите од Латинска Америка – поточно Бразил, Венецуела, Никарагва и Куба, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Во соопштението се наведува дека Лавров ќе има приеми со највисокото раководство на овие земји и преговори со министрите за надворешни работи, пренесува РИА Новости.
Рускиот министер лета во регионот со конкретна агенда со цел да ја зајакне заемно корисната соработка на тие земји на политички, трговски, економски, образовни, хуманитарни, културни и други полиња.
Во центарот на преговорите ќе бидат прашањата за зајакнување на меѓународно-правните основи на современиот свет, чија потпорна структура е Повелбата на ОН, се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…
„Путин нè тестира и нè приближува до…
Претседателот на Литванија, Гитанас Науседа, смета дека…