Директорка на училиште во Свети Николе заработи кривична пријава – незаконски му зголемила плата на наставник

t

СВР Штип поднесе кривична пријава против педесет и шестгодишната Ж.М. од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

„Пријавената, директор на средно училиште во Свети Николе, распишала оглас и на 05.09.2024 вработила лице како наставник со неполно работно време од 18 работни часови. После тоа, во периодот од септември 2024 до март 2025, пријавената од пет вработени на неопределено работно време одзела часови по норматив и ги доделила на лицето. Со ваквите дејствија незаконски му исплатила плата со придонеси во вкупен износ од 174.805 денари оштетувајќи го Буџетот на Министерството за образование и наука“, информираат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Америка со последните избори направи голем…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска оцени дека…

Сиљановска-Давкова упати сочувство до Полска по нападот…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изрази сочувство до семејствата…

Пред 85 години првпат е изведена песната…

На денешен ден, 8 ноември, пред точно…

Нови случаи на семејно насилство: закани со…

Маж се заканувал со дрвен предмет на…

Митровден бил домашната слава на светите Кирил…

Силен, воинствен, неустрашив генерал му требало на…