Директорот на Државен пазарен инспекторат: Леб има и се продава по 33 денари, ќе се замрзнуваат и други цени!

t

Првиот човек на државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски, на својот ФБ профил сподели дека „леб има и се продава по цена до 33 денари“.

„Леб има и се продава по цена до 33 денари! Инспекторите и денес се на терен! Следи замрзнување на цени и на други производи!“, сподели тој.

Вчера тој ги поздрави Одлуките кои ги донесе Владата затоа што се „целосно во интерес на граѓаните“ и ги пофали производителите на леб, „кои спротивно на уцените, доставуваа леб во маркетите“.

-Ако се утврди прекршување на Одлуките ќе следат казни во согласност со Законот за трговија! Казните се високи и изнесуваат од 800 до 10.000 евра, затоа апелирам да се почитуваат Одлуките, а ние како институција и понатаму сме на терен да ја следиме состојбата и да постапиме при евентуални прекршувања на законските одредби! Граѓаните не смеат да трпат заради туѓи лични интереси! Мерките се насочени кон тоа да им се олесни состојбата на граѓаните во ваков кризен период и нивната злоупотреба е апсолутно недозволива. Кризата не е време за мислење само на себе и на профит, туку потребно е да имаме разбирање едни кон други, да помагаме и да бидеме солидарни, сподели тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бектеши најави мерки за производителите на леб,…

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти…

За една година лебот во ЕУ поскапел…

Од август 2021 до истиот месец годинава…

Мелничарите предупредуваат: Народот ќе остане без леб…

По лавината реакции во јавноста околу поскапувањето…

Лебот во Германија може да достигне цена…

Војната во Украина доведе до големи зголемувања…

(Фото) Германските земјоделци предупредија: Цената на лебот…

Германските земјоделци предупредија на можно поскапување на…