Објавено на:

Директорот на руската служба потврди дека се сретнал со шефот на ЦИА: Тоа е вообичаена практика

t

Директорот на руската служба за надворешно разузнавање, Сергеј Наришкин, потврди дека се сретнал со директорот на ЦИА, Џон Ратклиф.

„Имаше состанок и нема ништо необично во тоа; во работата на разузнавачките служби, личните средби меѓу нивните лидери се дел од работата“, рече тој.

Наришкин додаде дека на состанокот во вторник биле разгледани голем број прашања од надлежност на специјалните служби. „Се среќавам лично или комуницирам преку интернет со раководители на специјални служби од целиот свет речиси секоја недела“, рече рускиот функционер.

За потсетување, американскиот воен транспортен авион, Боинг Ц-17А Глоубмастер III, слета на московскиот аеродром Внуково во вторник. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека посетата на директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, на Москва е поврзана со контакти меѓу специјалните служби и дека Ратклиф имал средба со рускиот претседател Владимир Путин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија нападна брод под либериско знаме во…

Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…

Русија ги повика странците и дипломатите да…

Русија денес објави дека ќе продолжи да…

Млада лаборантка почина од чума во Русија,…

Жена почина од белодробна чума во регионот…

Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…

Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…

Воен авион се урна во Русија, загинаа…

Тешка авионска несреќа со воен авион се…