Објавено на:

Дишете слободно: Засега нема нови рестриктивни мерки против Ковид-19

t

Комисијата за Заразни болести не препорача нови заштитни мерки против коронавирусот.

– Според бројот на слободни болнички кревети, и малиот број на хоспитализирани и смртни случаи, се наоѓаме во зелена зона на низок ризок од трансмисија од ковид. Забележано е зголемување на амбулантски прегледи, но не се забележуваат зачестен број на компликации предизвикани од вирусот, велат од Министерството за здравство, по консултација со Комисијата.

Комисијата за заразни болести исто така препорачува двојно зголемување на капацитетите за тестирање, на пунктовите на Институтот за јавно здравје и центрите за јавно здравје.

-Остануваат на сила важечките препораки, да се носи заштитна маска во јавен превоз, во здравствените институции, во аптеките и во установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост. Да се одржува дистанца и редовно да се мијат раце, велат од Министерството за здравство.

Согласно последната статистика од Институтот за јавно здравје, во претходното деноноќие се направени 1 365 тестови, а регистрирани се 494 случаи на КОВИД-19, од кои 105 се реинфекции. Оздравени се 276 пациенти, а нема пријавени починати лица.

Најмногу заразни има во Скопје, а во Крушево, Пехчево и Македонска Каменица нема активни случаи на вирусот.

Во тек е и вакцинацијата за четврта доза против ковид-19. Вакцината може да ја примат сите граѓани над 18 години, на сите вакцинални пунктови без закажување. Четвртата доза се спроведува со мРНА вакцината „Фајзер“ или „Модерна“. Растојанието од третата доза до четвртата се препорачува да биде најмалку четири месеци.

Во светот веќе петта недела расте бројот на нови случаи заразени со новиот коронавирус, додека бројот на починати останува релативно стабилен, информираше вчера Светската здравствена организација (СЗО).

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус порача дека пандемијата и понатаму претставува глобална вонредна состојба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Превентивни мерки против Ковид-19 во грчките училишта

По зимскиот распуст поради новогодишните и божиќните…

Минатата недела имало 72 случаи на заразени…

Вкупно 47 пациенти со грип биле прегледани…

Студија: Карантините за време на Ковид-19 предизвикаа…

Дури и по завршувањето на карантините, забрзаното…

Почна интервјуирањето на 42-та кандидати за новиот…

Собраниската Комисија за прашања на изборите и…