Добра вест: Следната недела дополнително ќе се намали цената на брашното
Производителите на брашно во државата следната недела дополнително ќе ја намалат цената на брашното, објави министерот за економија Крешник Бектеши на својот фејсбук профил.
-Денеска бев информиран дека од наредна недела ќе следи дополнително намалување на цената на брашното, од нашите производители, напиша Бектеши.
Владата минатата недела ги замрзна цените на јајцата и оризот, додека претходно беа замрзнати цените на лебот и млечните производи, како и на тестенините.
Според Бектеши пекарите имаат доволна заработувачка со моменталната цена на лебот од 33 денари, но дека големите произведувачи на леб се здружиле во “пекарски картел” кој ги диктира цените на пазарот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ова се цените на горивата во Европа,…
Европските влади дискутираат за воведување на данок…
Европа пред тешка зима: Растат цените на…
Европа повторно се соочува со непријатна комбинација…
Цената на нафтата се зголеми, откако САД…
Цените на нафтата утрово се тргуваа за…
Европа се соочува со нов раст на…
Европа повторно се соочува со летен топлотен…
Нови цени на горивата: Бензините поевтинуваат, дизелот…
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…