Добра вест: Целосно е локализиран пожарот кај Елен Камен

t

– Целосно е локализиран пожарот над струшката населба Елен Камен, кој вчера попладне избувна во шумата на патот кон селото Радожда.

Повеќе од 24 часа на терен беа екипи на Територијалната против пожарна единица од Струга.

– Наши екипи беа на терен, работеа на локализирање на пожарот, а заврна и малку дожд, кој помогна во целосно ликвидирање, изјави за МИА командирот на ТППЕ – Струга, Фети Мазари.

Огнените јазици предизвикаа паника кај жителите од викенд населбата Елен Камен, поради проширување кон куќите. Силниот ветер дополнително ја отежнуваше работата на пожарникарите и ги ширеше пламените јазици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голем колку јајце од ној — лекари…

Лекари во Шри Ланка отстраниле огромен камен…

ЦУК: Активни се четири пожари

Активни се четири од 14 регистрирани пожари…

Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…

Чистење двор или спој на разлабавени електрични…

Опожарени две возила во скопски Аеродром

Во раните утрински часови во Скопје избувнал…

(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград

Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…