Добра вест: Ќе се укине задолжителното носење маски во училиштата – Еве ги деталите
Главниот координативен кризен штаб за справување со Ковид-19 (ГККШ) на седница одлучи да ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести и на Владата да ѝ предложи измена на одлуката со која учениците во основните училишта ќе можат да посетуваат настава без маски, освен ако ученикот по сопствена волја не бара да носи заштитна маска.
За наставниците и останатите вработени во училиштата останува препораката за носење маски.
Како што информираат од владината прес-служба, ГККШ, поднел заклучок до Владата да ја достави и препораката за физичко присуство на наставата на факултетите, со силен апел за вакцинација и на студентите и на образовниот кадар.
На оваа своја седница ГККШ одлучил да ѝ предложи на Владата да ја измени одлуката за максимална исполнетост на капацитетите во затворен простор од досегашните 50 отсто да се зголеми на 75 отсто со задолжително носење заштитни маски и почитување на останатите протоколи за заштита од Ковид.
На седницата е прифатен и заклучокот на Комисијата за заразни болести Владата да го укине делот од протоколот за угостителските објекти со кои се бара сертификат за вакцинација за отворените простори на локалите, додека за затворените делови останува обврската за задолжително поседување сертификат за вакцинација или за прележаност од Ковид-19.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јаневска: По случајот во Ѓорче Петров, наместо…
Наместо ученици, отсега во училишните ходници и…
Пијан маж праќал лажни дојави за бомби…
Педесетгодишен маж од Дубровник во алкохолизирана состојба…
(Видео) Силно невреме во Хрватска: Затворени училишта,…
Силни ветрови дуваа цела ноќ во Загреб,…
И денес дојави за бомби во основните…
Утрово дојави за поставени бомби пристигнале во…
Лажни дојави за бомби во две училишта…
Во две приватни училишта во Скопје и…