ДОБРИ ВЕСТИ: Направена е нарачка за лекот за цистична фиброза

t

Лекот „трикафта“ за болните од цистична фиброза е нарачан, измените на законите кои беа потребни за да тој пристигне во Македонија се испратени во Собранието. Премиерот Димитар Ковачевски посочи дека производителот кажал дека лекот ќе стигне за 30 дена, што би значело дека крајот на март ќе биде во Македонија.

Веднаш беше регистриран лекот и преку добавувач е нарачан од единствениот производител кој го има патентот за овој лек. Бевме информирани дека лекот се произведува според секоја нарачка и дека 30 дена е рокот на подготовка, испорака, лекот да пристигне во државата. Во тој дел се е завршено. Нарачката е направена од овластен увозник во државата кој го регистрирано лекот и се очекува негово пристигнување за најкритичните пациенти“, кажа Ковачевски.

Тој објасни и за измените на законите кои се пред пратениците.

Со оглед дека нашите закони не дозволуваат директна набавка од производители кои имаат патентиран лек туку мораше да се оди преку јавни набавки и трговци на лекови, што дополнително ја зголемуваше цената на лековите, веднаш се пристапи кон измени и подготовка на законски решенија со кои ќе се овозможи Министерството за здравство да набавува вакви лекови кои се патентирани и ги произведува само еден производител, низ директни преговори, за да добие пониска цена. Тие законски измени се испратени во Собранието. Очекувам во најбрз рок, пратениците да ги донесат измените. Тоа ќе обезбеди не само набавка на лекот ‘трикафта’ туку и други лекови кои се произведени од еден производител, додаде Ковачевски.

Претходно, Владата соопшти дека се обезбедени 2,2 милиони евра од буџетот за набавка на „трикафата“ за најитните пациенти откако почина Благојче Илиевски, пациент кој две години се бореше да издејствува лекот да биде донесен кај нас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…

Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…

Економската соработка и интеграцијата на земјите е…

Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос

Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…

Нов резил од премиерот: Бектеши зборува за…

Премиерот Димитар Ковачевски денеска беше прекорен од…