Добри вести, пронајдено лицето кое беше прогласено за исчезнато на Плачковица
Во спасувачка потрага синоќа е пронајдено 66-годишно лице кое се изгубило на планината Плачковица.
Како што денеска соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК),лицето е пронајдено околу еден часот по полноќ од страна на спасувачите од Доброволната планинска спасувачка служба „Осогово“ од Кочани откако во 18:08 часот на Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК била добиена информација за исчезнато лице.
– Лицето заедно со негов пријател дента се упатиле по пешачка патека кон езерото Дивичев Вир на планината Плачковица.
Но, при крајот на денот, пријателот се вратил дома, а 66-годишникот не, бидејќи се изгубил во планината. Случајот бил веднаш пријавен во Полициската станица Кочани.
Во потрагата на лицето прво се вклучиле членови од неговото потесно семејство.
За итниот случај, од ЦУК биле известени ДЗС од Кочани и Горска служба, а на потрагата се приклучиле и други субјекти од локалната самоуправа.
Регионалниот ЦУК Штип пред полноќ информираше дека изгубеното лице на Плачковица е пронајдено живо и во добра состојба во 22.50 часот, од страна на членови на Доброволна планинска спасувачка служба „Осогово“ Кочани, информира ЦУК.
Поради подолгиот престој на студено време во планината, лицето било згрижено од страна на спасувачите, а потоа безбедно спуштено до селото Зрновци, каде што имало возила на полицијата и на Итната медицинска помош од Кочани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Српскиот парламент денеска конечно треба да добие…
Пратениците во Народното собрание на Србија ја…
Русија ги загрозува бродските рути во Црно…
Бугарските власти располагаат со разузнавачки информации и…
Водата во Струга е забранета за пиење
Водата од водоводната мрежа во цела Општина…
Неофицијално: Авраам-Минос Мојсис бил можна цел на…
Авраам-Минос Мојсис, грчки бизнисмен со еврејско потекло…
Денес се празнува Свети Павле Исповедник, патријарх…
Кога блажениот патријарх Александар лежеше на смртна…