Добро утро со Инфомакс: Зошто вода после кафе е здраво за организмот?

t

Покрај тоа, може да доведе до потемнување на забите, но и до проблеми со крвниот притисок, па затоа треба да бидете внимателни кога е во прашање дневната количина на кафе.

Вистинскиот спас после кафето е, ни помалку ни повеќе, чаша вода.

Кафето има силно диуретично дејство, што доведува до дехидрација на организмот, па често после пиење шолја кафе може да се јави треперење на рацете. За да се заштитите од непријатни последици, доволно е да испиете чаша вода после кафето.

Откако ќе испиете чаша вода после кафе, ќе ја вратите рамнотежата на водата во организмот и ќе го намалите ризикот од дехидрација.

Запомнете, шолја кафе не треба да биде дел од дневниот внес на течности, односно доколку пиете два литра вода дневно, тогаш на секоја шолја кафе треба да додадете уште една чаша вода.

Второ, кафето е богато со растителни бои кои можат да ја променат бојата на забната глеѓ, особено со честото и секојдневно консумирање. Тука повторно помага водата. Плакнењето на устата со вода од остатоците на кафе се спречува интеракцијата помеѓу киселините од кафето и забната глеѓ. Во исто време, не треба да ги миете забите веднаш по кафето – тоа може да го загрози и здравјето на забите.

Покрај тоа, кофеинот може да го зголеми крвниот притисок, а за луѓето кои страдаат од хипертензија, може да биде опасен. Водата го разредува кафето, со тоа се намалува оптоварувањето на срцето и крвните садови, а и се намалува ризикот од покачување на притисокот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одлична вест: Водата за пиење во Скопје…

Водата во Скопје е безбедна и микробиолошки…

Дел од населбата 11 Октомври без вода

 Дел од корисниците од населбата 11 Октомври…

Хрватскиот министер за здравство по појавата на…

Откако едно лице претходно било хоспитализирано во…

Поради дефект без вода Драчево, Долно Лисиче,…

Регионалниот центар за управување со кризи на…

ОН велат дека децата во Газа пијат…

Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) денеска…