Добро утро со Инфомакс: Ние сме должни да милуаме нашиот јазик, зашчо тој јет наш, исто така, као шчо ни јет наша таткоината ни

t

Крсте Петков Мисирков е македонски филолог, кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, славист, историчар, етнограф, аналитичар на национално-политичките проблеми, публицист, собирач и проучувач на македонското народно творештво. Тој е и автор на првата книга и првото списание на современ македонски јазик, основоположник и активен учесник во македонските научно-литературни и национално-политички друштва во Белград, Санкт Петербург, Одеса и Софија,[раководител на ТМОК и личност на македонскиот XX век.

Добро утро Македонци, денеска ви пренесуваме дел од книгата на Мисирков “За македонцките работи”, поточно делот “Неколку зборој за македонцкиот литературен јазик”:

-Eдно си имат местото националниот сепаратизм, то требит да се проjавит он во милоста кон се шчо jет народно, и на прво место, во милоста кон народниот jазик.

Jазикот jет средство, со коjе ниjе познааме, шчо мислит, шчо осек’ат и шчо сакат нашиот собеседник. Во jазикот се имаат оддел’ни гласовни знакои или зборои за сите мисли, осек’аин’а и сакаин’а на еден чоек, затоа јазикот на еден народ јет негоо дуовно богатство и наследство, во које се закл’учуваат, отпечатени во гласовни знакои или зборои, сите народни мисли, осек’аин’а и сакаин’а, со који имат живено и живит еден народ и који се предаваат, као нешчо свето от едно поколејн’е на друго. Да сочуат некој својот народен јазик и да го бранит као светијн’а, значит, да останит он верен на дуот на својите предедовци и да уважаат се, шчо имаат они напраено за својето потомство. Да се откажит чоек от својо народен јазик значит, да се откажит он и од народниот дух. Со тоа само се обиаснуат сакајн’ето и усилијата на покорителите, да напраат покорените, да се откажат от својот јазик и да изучат на негоо место нивнијот; исто така со тоа се објаснуат упортството на покорените народи да сочуваат сето своје духовно народно наследство, а особито јазикот.

Таква милост кон нашио народен јазик требит да имаме и није, ако сакаме да останиме верни на дуот на нашите предедовци. Милоста кон народнио јазик јет наш долг и наше прао. Ние сме должни да милуаме нашиот јазик, зашчо тој јет наш, исто така, као шчо ни јет наша таткоината ни. Првите гласои шчо и имаме чуено, сет гласоите на нашите татковци и мајки, гласоите и збороите на нивниот народен јазик. Преко ниф ние добифме нашата прва дуовна храна, зашчо со ниф се осмисл’уаше се, шчо видефме со нашите очи. Со народниот јазик ние освојуаме психологијата на нашите татковци и предедовци: и се чиниме нивни дуовни последници, као шчо сме со снагата нивни телесни продолжаачи. Ако се односуаме со презрејн’е кон народниот наш јазик, ние само врајк’аме со неблагодарност на нашите родители за сето нивно дуовно гледајн’е и воспитан’е. Ние имаме и прао, осем долгот, да браниме нашиот јазик и тоа прао ни јет свешчено. Секој, кој шчо напаг’ат на нашијот јазик, ни јет исто таков наш непријател’, као и нападачот на нашата вера. Верата и јазикот, тоа сет душата на једен народ, со изменуајн’ето на који, еден народ праит коренен душевен преврат: он се откажуат от се прег’ешно и земат сé ноо. Тој коренен преврат, ако стаат постепено во течејн’е на цели векои, не јет опасен, зашчо једни делои од него се односуваат до едни поколејн’а, друзи до друзи поколејн’а, така да едни делои преминаваат по наследство, као народно наследије, и само некои сет нои. Тој коренен преврат не јет опасен само, ако јет резултат на самостојното развијајн’е на народот.

Но, ако еден народ изменуат својот јазик и својата вера во едно касо време и под силно чуздо влијајн’е, сам без сознаајн’е однесуајк’и се кон таја измена, то он се откажуат от сам себе и от негоите интереси и предаат и себе и ниф на еден по силен народ, кој шчо ке постапит со него и ниф, како шчо ке му се заблагорасудит. Значит, да се откажит еден народ от својот јазик, се велит, да се откажит он и от сам себе и своите интереси; се велит, да престанит да гледат на себе со своји очи, да судит за себе и за друзите со својот ум и разум, а да чекат укажајн’е за сé от страна. Рден народ, кој шчо изгубил својот јазик, мјасат на еден чоек, кој шчо изгубил патот и не знаит oт кај идит и кај одит, и кој шчо не знаит, зашчо одит вамо а не онамо или тамо. Колко во по скоро време еден народ изменуат својот јазик, толко по опасно и отчајано јет негоото положејн’е. Опасноста, која угрожаат на нашиот народ и негоите интереси от страна на пропагандите, који шчо употребуваат сите и дозволени и недозволени средства, за да исчистат од Македонија нашиот јазик и со него нашите дуовни интереси и да насадат на нивно место нивните јазици со нивни интереси, не само не задолжуат нас, но и ни даат полно прао да употребиме сите и дозволени и недозволени стредства, за да сочуаме нашиот народен јазик, и со него нашите народни интереси. При тоа ние не сакаме туг’о, а си браниме својето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…

Пендаровски-Османи: Заеднички напори за стабилност во регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Приштина, во…