Довербата во економијата на Еврозоната на најниско ниво во последните две години

t

Довербата во економијата на Еврозоната овој месец паднала на најниско ниво во последните речиси две години, последица на забележаниот значителен пад во производствениот и во услужниот сектор, покажуваат денеска објавените резултати од истражувањето спроведено од Европската комисија.

Очекувано, индексот на економската доверба во октомври се намалил на 92,5 поени од 93,6 минатиот месец, на ниво најниско од ноември 2020 година.

Според резултатите од истражувањето, во преработувачкиот сектор индексот на економска доверба паднал за 1,2 поени, на ниво најниско ниво од јануари 2021 година.

Значително влошување бележат и проценката на менаџерите за сегашното ниво на нарачки.

Намалената доверба во производствениот и услужниот сектор е делумно неутрализирана со благо подобрување на довербата кај потрошувачите и малото зголемување на деловната активност на трговците на мало.

Индексот на доверба на потрошувачите во Еврозоната во октомври се искачи на -27,6 поени, од рекордно ниското ниво од -28,8 поени забележано минатиот месец.

Порасна и индексот на доверба во градежниот сектор во октомври, до 2,6 поени наспроти 1,8 поени во септември, последица на оптимистичките очекувања на градежните компании за дополнителен ангажман работна сила. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Загина 63-годишен прилепчанец при палење на стрниште

Во несреќен случај, од пожар загина 63-годишен…

Ванковска од Демир Хисар: Белите мугри се…

Денес претседателскиот кандидат на Левица, проф. д-р…

Становите во Скопје поскапеле за 4,7 отсто

Цените на становите во Скопје во првиот…

Ковачевски: Се грижиме за пензионерите, 30.000 денари…

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар…

Еурофарм Пелистер го победи Алкалоид со ДЕСЕТ…

Eкипата на Еурофарм Пелистер славеше убедлива победа…