Објавено на:

Договорена размена на заложници, 53 Израелци за 150 Палестинци

t

Според предложениот договор за ослободување на заложниците што вечерва ќе биде ставен на гласање во израелскиот безбедносен кабинет и владата, Хамас првично ќе ослободи 53 заложници и ќе се обиде да ослободи уште 20, пишува Ynet News, додека Jerusalem Post наведува дека ќе бидат ослободени 80 израелски заложници, мајки и деца и дека тоа е дел од договорот и примирјето, повикувајќи се на израелските медиуми.

„Тајмс оф Израел“ наведува дека Израел нема да ги ослободи палестинските затвореници осудени за убиство. Медиумите наведуваат и дека, според изворите, по размената на заложниците ќе продолжи воената кампања на Израел во Појасот Газа.

Според договорот што се развива, Хамас ќе ослободи најмалку 50 израелски заложници, главно жени и деца, во замена за четиридневен прекин на огнот, ослободување меѓу 150 и 300 палестински затвореници и влез на гориво и друга стока во Газа.

Истиот портал додава дека приближно 12-13 заложници ќе бидат ослободени дневно со стапување во сила на примирјето, додавајќи дека Израел ќе ги ослободи жените и малолетните затвореници, при што секој ќе се врати во градот во кој живееле пред затворот, вклучувајќи го и Западниот брег и Источен Ерусалим.

Изворот рекол дека договорот ќе вклучува втора фаза, во која Хамас ќе работи на лоцирање на жените и децата кои ги држат другите терористички фракции во Газа пред нивното евентуално ослободување.

Запирањето на борбите може да биде продолжено за дополнителни денови во замена за 10 дополнителни ослободувања на секој дополнителен ден. Израел верува дека Хамас може да се покаже способен да лоцира и ослободи уште 30 израелски жени и деца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ИДФ: Ликвидиpан виcок функционеp на Xамаc

Израелската армија (ИДФ) и разузнавачката служба Шин…

Директна закана од Израел: „Брзо да го…

Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац…

Израел објави, 19 повредени во нападот на…

Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници,…

Ерусалим пост го цитира иранскиот МНР: ИРАН…

Иран одлучи да го нападне Израел, изјави…

САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…

Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…