Договорен е мазут за ТЕЦ Неготино и јаглен за термоелектраните, смирува Ковачевски

t

Ковачевски вели дека за увоз на јаглен и на мазут веќе се потрошени околу 55 милиони евра, а дека следат и нови испораки согласно веќе потпишаните договори, како и склучувања на нови договори.

– За РЕК „Битола“ и РЕК „Осломеј“ се прави ископ на сопствен јаглен и дополнително се склучени договори за увоз со Албанија и со Грција, и се прават напори за склучување договор со Косово. Тоа значи дека за наредната година нашата компанија ќе набави 1,5 милиони тони на јаглен, што значи дека ќе имаме сигурно производство на термоелектраните. Хидропотенцијалот е некаде 55 проценти од капацитетот, што е 70 до 80 проценти од просекот во изминатите 10 години. Водата ја штедиме и хидроенергијата ја користиме исклучиво за балансирање на системот – изјави Ковачевски по средбата на претставниците од Владата со Македонската енергетска асоцијација при Стопанската комора.

Ковачевскин информираше и дека ТЕЦ „Неготино“ со одлука на Влада веќе е доделен на АД ЕСМ и се завршуваат правните процедури.

– Во моментов се врши испорака на 30.000 тони мазут од Грција. Тоа е доволно за работа на ТЕЦ „Неготино“ со два котли за еден месец, или за два месеци, за работа со еден котел – како што планираме за почеток. Имаме договор за 120.000 тони, тоа се обезедени количини и имаме намера да објавиме уште еден повик дополнително за 200.000 тони мазут, за периодот од декември до април наредната година. На располагање ќе ни биде и нашата помала гасна централа КОГЕЛ што ја користиме во енергетиката, во Скопје – рече Ковачевски.

Тој информираше дека сега РЕК „Битола“ работи со два блока и дека во РЕК „Осломеј“ се одвива ремонт, но уверува дека на почетокот на грејната сезона и двата капацитети ќе бидат ставени целосно во функција.

– Сега РЕК Битола работи со два блока, а за Блок 3 имаме веќе склучено договор за набавка на нов трансформатор, а се поправа и стариот, така што очекуваме во тек на октомври да го ставиме во функција, со што на почетокот од грејната сезона РЕК „Битола“ 100 проценти ќе биде во функција. Во РЕК „Осломеј“ има ремонтни активности и во наредните 60 дена ќе се подготви за новата грејна сезона – рече Ковачевски.

Во врска со топлинската енергија, Ковачевски информираше дека АД ЕСМ со одлука на Влада формира 3 нови компании: производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија.

– Сега очекувам да ги добиеме лиценците и во наредната грејна сезона успешно да се справуваме со испорака на топлинска енергија. За тоа ќе ни биде потребно закуп на топланите Исток и Запад. И ние располагаме со топлана во Гази Баба, а треба да се вклучи и капацитетот ТЕ-ТО кој произведува електрична и топлинска енергија.

Ковачевски вели дека за увоз на јаглен и на мзаут веќе се потрошени околу 55 милиони евра, а дека следат и нови испораки согласно веќе потпишаните договори, како и склучувања на нови договори.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕСМ: Поради пукната цевка, блокот со кој…

Во текот на изминатиот период, како резултат…

Бислимоски: Државата можеше, ама не изгради големи…

Во 30 години независност Македонија како држава…

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…