Објавено на:

Додека да влезе Украина во ЕУ, Унијата би можела да исчезне

t

Пристапувањето на Украина во Европската унија е можно дури во средината на векот, а дотогаш самата асоцијација би можела да исчезне, изјави денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.

Тој на својат канал на Телеграм напиша дека ситуацијата со пристапувањето на Украина во ЕУ е слична на градењето на комунизмот во СССР, датумот на спроведување на овие планови не е именуван, но има многу непроверливи апстрактни услови.

– Нивната објективна проверка е невозможна, тие ќе бидат верификувани со децении и тоа ќе го прават новите генерации лидери на ЕУ, затоа вистинскиот термин е средината на векот, а не порано. Што ако, да чукнам во дрво, ЕУ исчезне дотогаш? Страшно е да се мисли каков скандал ќе биде тоа, бидејќи какви жртви беа направени на олтарот за влез во ЕУ и какво изневерување на очекувањата на несреќникот – вели Медведев, пренесува ТАСС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Трамп ја зазема страната на Русија против…

Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…

Македонија со пониска инфлација од просекот на…

Годишната инфлација во Европската Унија во септември…

ЕУ бара Канада и Велика Британија да…

Европската Унија се подготвува да ги убеди…