Додик: Босна и Херцеговина не побара посебни мерки од никого, па ни од НАТО
Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик денеска изјави дека Босна и Херцеговина не барала од никого за неа да носи никакви посебни услови и мерки за тоа, вклучително и НАТО.
Тој рече дека НАТО нема никаква улога во БиХ и дека не е чувар на нејзиниот територијален интегритет и суверенитет.
Реагирајќи на преписката меѓу министерката за надворешни работи на БиХ, Бисера Турковиќ и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во која Столтенберг изјави дека НАТО развива сет мерки, посебно за БиХ, Додик оцени дека „станува збор за уште една злоупотреба”.
Според него, министерката за надворешни работи на БиХ, Бисера Турковиќ, која претходно испрати писмо до Столтенберг, во кое се вели дека „Босна и Херцеговина се соочува со бројни предизвици, а во светло на актуелните настани во Европа и регионот”, нема никакви овластувања во полето на одбраната, ниту на надворешен, ниту на внатрешен план.
„Единствено компетентно место за комуникација со НАТО и другите земји за воени прашања е Претседателството на Босна и Херцеговина, кое овој пат беше заобиколено. Тоа е ујдурма на муслиманската страна, која се обидува да обезбеди дека на единствен начин ја претставува Босна и Херцеговина, што, се разбира, не е вистина, нагласи Додик за новинската агенција Срна, пренесува Бета.
Тој додаде дека ова треба да го знае и генералниот секретар на НАТО, оценувајќи дека, ако не го знаел ова, тогаш „непотребно се вовлекувал во преписката за тоа”
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руте: Сојузниците на Украина немаат избор освен…
Сојузниците на Украина немаат друг избор освен…
Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…
Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…
Фон дер Лајен и Руте ќе разговараат…
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер…
Подигната готовноста на Мисијата на НАТО за…
Авионите на Мисијата на НАТО за заштита…
Извештаи: Шефот на ЦИА во Москва ја…
Директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, ја предупредил…