Објавено на:

Додик за црната листа: Гадно се лaжат ако мислат дека со caнкции ќе ме диcциплинираат

t

Српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик изјави, по повод одлуката на САД за воведување санкции против него и Алтернативната телевизија Бања Лука, дека тој не е избран да ги застапува американските, туку интересите на народот на Српска.

„Ако мислат дека вака ќе ме дисциплинираат, во голема заблуда се“, рече Додик.
Како што оцени, таа одлука е толку бесмислена што не знае ни како да ја коментира, а да не звучи бесмислено.
„Можеби првото нешто што ви привлекува внимание е времето кога се објавува оваа одлука, односно во пресрет на најсреќниот христијански празник Божиќ. Историски гледано, како народ бевме нападнати на големи празници и знам дека тие што стојат зад оваа одлука го знаат тоа. Втората работа што ми паѓа на ум е дека земја која се гордее со човековите права и слободата на медиумите ги санкционираше медиумите. Ако тоа не е напад на слободата на изразување и слободата на говорот, тогаш не знам што е“, рече Додик.
Додик истакна дека третото нешто што му паѓа на ум е дека повторно е казнет, ​​без да знае зошто.

„Првиот пат рекоа дека го кршам Дејтот, без да наведат со што сум го прекршил Дејтонскиот мировен договор. Сега, како што слушам, сум обвинет и за корупција, а против мене не се води кривична постапка за корупција ниту во БиХ, ниту каде било во светот“, посочи Додик за Срна.
Српскиот член на Претседателството нагласи дека не го доведува во прашање уставниот поредок во БиХ, ниту неговата стабилност и дека останува нејасно што имале на ум креаторите на овие санкции кога решиле повторно да го казнат.
„Тоа се санкции на кои лобираа неколку американски функционери кои не ја делат визијата за БиХ која што ја имам јас и како што беше потпишана во 1995 година. Ако мислат дека ќе ме дисциплинираат на овој начин, во голема грешка се. Дури сега добивам нов мотив да се борам за правата кои ни беа одземени 26 години“, рече Додик.
Тој забележал дека одлуката за повторно санкционирање е донесена во пресрет на одбележувањето на 30-годишнината од постоењето на Република Српска, објави порталот РТРС.
„Мислат дека санкциите ќе ме поколебаат во борбата за правата на Република Српска. Се плашам дека се што направија е малку за да ме спречат, бидејќи јас не сум избран да ги претставувам Американците, туку интересите на народот на Република Српска. Се додека се занимавам со овој бизнис, така ќе биде“, заклучи Додик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД ѝ испорача на Украина балистички ракети…

САД испратија нов ракетен систем со долг…

Сенатот одобри помош за Украина, Израел и…

Во САД, Сенатот одобри помош за Украина,…

Хорор: Маж ги убил сопругата и трите…

Пет мртви тела, меѓу кои и три…

Директорот на ФБИ: „ТикТок“ е проблем за…

Директорот на ФБИ, Кристофер Реј изјави дека…

Балканска работа: Српски историчар го прогласи Рилскиот…

Српски историчар го прогласи Рилскиот манастир за…