Објавено на:

Додик илегално ја напушти Босна и Херцеговина: Следниот чекор е распишување на потерница од Интерпол

t

Со оглед на тоа дека претседателот на Република Српска и бегалец од Босна и Херцеговина Милорад Додик се уште не е уапсен на територијата на земјата, следен чекор што ќе го преземе Обвинителството на Босна и Херцеговина е да побара распишување меѓународна потерница од Интерпол.

Ова треба да се направи во следните неколку дена додека се собираат повеќе информации.

Тоа барање треба да го разгледа Судот на Босна и Херцеговина, кој потоа треба да го упати до Интерпол, а потоа Додик би можел да биде уапсен каде било во светот.

Прашањето што се поставува е дали ова барање ќе пристигне додека Милорад Додик престојува во Израел или каде било надвор од границите на Босна и Херцеговина.

Тој денеска од Белград замина за Израел каде ќе учествува на конференцијата што ќе се одржи утре и задутре, а најави и бројни активности на меѓународен план во наредните седум до десет дена.

Според неофицијални информации од државните институции, Милорад Додик вчера ја напуштил БиХ и илегално отпатувал за Белград.

Додик не може легално да се врати во БиХ, со оглед дека по него е распишана централна потерница, а за тоа се информирани сите полициски агенции во БиХ. Во пракса тоа би значело дека тој мора да биде приведен веднаш штом ќе се појави на граничниот премин или на некој од аеродромите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Многу сум му благодарен на Додик…

Српскиот претседател Александар Вучиќ и лидерот на…

Централната изборна комисија на БиХ одлучи: Одземање…

Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина,…

Додик пред седницата на ЦИК на БиХ:…

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, даде…

Додик во посета на Орбан: Благодарен сум…

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, објави…

Додик: Очигледно е дека Судот на Босна…

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави…