Додик потврди дека ќе присуствува на самитот на БРИКС во Казањ

t

Претседателот на Република Српска Милорад Додик денеска најави дека ќе присуствува на претстојниот самит на БРИКС што ќе се одржи во Казан од 22 до 24 октомври.
„Добив покана и ќе одам во Казан, во Казан ќе бидам веќе на 19 октомври. Република Српска нема меѓународен капацитет, но за нас е многу важно во овој капацитет да бидеме набљудувачи на тој собир и дел од тој севкупен амбиент“, рече Додик.

Верува, рече, дека ќе се сретне со некои важни луѓе во Казан.
Тој додаде дека БРИКС на Запад не е деклариран како антизападна креација, иако постои страв од таа организација, иако легитимно право на државите е да одлучат дали ќе се приклучат кон неа.
Во однос на поканата што ја доби претседателот на Србија да присуствува на БРИКС, Додик посочи дека официјален Белград и претседателот Александар Вучиќ мора да ги оценат сите елементи важни за земјата.
Претседателот на Република Српска во гостувањето на ТВ Пинк рече дека знае оти кога ќе оди на самитот на БРИКС повторно ќе се води пропаганда против него, можеби ќе се воведат некои нови санкции и додаде дека има нема проблем да се сретнеме со никого на Запад.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Многу сум му благодарен на Додик…

Српскиот претседател Александар Вучиќ и лидерот на…

Централната изборна комисија на БиХ одлучи: Одземање…

Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина,…

Додик пред седницата на ЦИК на БиХ:…

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, даде…

Додик во посета на Орбан: Благодарен сум…

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, објави…

Додик: Очигледно е дека Судот на Босна…

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави…