Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација
Делегацијата на Европската Унија во Босна и Херцеговина остро ги осуди плановите на властите во Република Српска (РС) за формирање резервен состав на ентитетската полиција, предупредувајќи дека таквиот потег води кон ескалација и поделби.
Според новоусвоените измени на Законот за внатрешни работи, резервниот состав ќе се активира во случаи на јавен неред и кризни ситуации. Владината коалиција под контрола на Милорад Додик го изгласа законот по итна постапка.
Министерот за внатрешни работи на РС, Синиша Каран, го оправда потегот со недостиг на околу 1.000 полицајци од постоечките 5.500 и истакна дека резервниот состав нема да надминува 20 отсто од активната полиција и ќе носи оружје само кога тоа е неопходно.
Опозицијата обвини дека Додик се обидува да формира „преторијанска гарда“ за лично обезбедување и одржување на власта.
Премиерот на Федерацијата БиХ, Нермин Никшиќ, го оцени потегот како „опасен и провокативен“ и најави дека Федерацијата ќе одговори со ист чекор – формирање сопствен резервен состав. Министерот за внатрешни работи на Федерацијата БиХ, Рамо Исак, изјави дека Додик ја губи довербата во активната полиција и сака да ја замени со лојални кадри.
Од ЕУ посочија дека ваквите еднострани чекори се контрапродуктивни и ги повикаа властите да вложат во зајакнување на постоечките полициски капацитети, особено во контекст на отпочнатите преговори за членство на БиХ во ЕУ.
Осуда пристигна и од британската амбасада во Сараево. Амбасадорот Џулијан Рејли изјави дека формирањето резервни сили е непотребен чекор што го зголемува ризикот од конфликти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…