Доживотен затвор за серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане

t

Основниот суд во Куманово му изрече казна доживотен затвор на 25-годишниот Трајче Бојковски од Старо Нагоричане, прогласен за виновен за четири убиства и два обида за убиство на жени.

Бојковски е осуден за убиствата на Станче Каровска, Јанка Антевска, Марија Маринковска и Мира Станковска.

Според утврденото во постапката, кривичните дела биле извршени во периодот од јануари 2025 до февруари 2026 година, а жртви биле претежно повозрасни и немоќни жени кои живееле сами. Првото убиство се случило ноќта меѓу 5 и 6 јануари 2025 година во селото Клечовце, додека второто било извршено во периодот од 5 до 7 јуни истата година во селото Драгоманце.

Во случајот биле опфатени и два обида за убиство во селото Челопек. Првиот се случил на 22 јули 2025 година, кога жената успеала да повика помош и да го спречи напаѓачот, по што тој побегнал. Вториот обид, според обвинителството, бил на 9 февруари 2026 година, кога Бојковски се откажал од намерата и го напуштил местото.

Тој е обвинет и за убиството на жена во Старо Нагоричане во јануари 2026 година, како и убиството на повозрасна жена во Челопек во февруари истата година.

Со изрекувањето на доживотната казна затвор, Основниот суд во Куманово ја заврши првостепената постапка за случајот што опфаќа четири убиства и два обида за убиство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јанша: Не замислувавме ваква ЕУ кога одлучивме…

Премиерот на Словенија Јанез Јанша објави листа…

Јотова ги повика европските лидери да разговараат…

Бугарската претседателка Илијана Јотова повика на обновување…

Во Корча промоција на етнокултурното наследство на…

Во салата на Советот на Округот Корча,…

Трамп вети пет илјади долари за секој…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, повторно им вети…

Тепачка меѓу навивачите на Работнички и МЗТ…

Физичка пресметка меѓу навивачките групи „Сити Парк…