Доктор Даниловски си ја отвори душата: Здравствениот систем е на стаклени нозе, бизнисот поважен од човечките животи

t

Доктор Даниловски на својот Фејсбук профил напиша кус осврт за тоа што сме заклучиле по две години коронавирус пандемија. Како што вели пандемијава ни ја тресна в очи вистината дека сме живееле во општества-холограми.

-ШТО ЗАКЛУЧИВМЕ ПО ДВЕ ГОДИНИ ПАНДЕМИЈА?
Дека имаме здравствен систем на стаклени нозе.
Дека немаме стратегија за глобални кризи со голем број жртви.
Дека немаме доволно медицински кадар и материјални ресурси за адекватен одговор при зголемен притисок врз здравствениот систем.


Дека немаме капацитет за целосно спроведување на било какви мерки.
Дека политиката е поважна од науката.
Дека бизнисот е поважен од човечките животи.
Дека лекувањето на болните од ковид е воглавно импровизација, зашто т.н. протоколи не се издигнати на ниво на законска обврска.


Дека еснафските здруженија се мртво слово на хартија.
Но и:


Дека народот нема доверба во институциите на власта.
Дека огромно мнозинство нема чувство за заедништво, за заеднички општествен интерес.
Дека нема трошка емпатија за страдањата на својот ближен.
Дека основната смисла на животот ја гледа во кафеаните, журките.
Дека образованието ни е катастрофално.
Дека, заради тоа, огромно мнозинство граѓани веруваат повеќе во теории на заговор, отколку на науката.


Ако ни е за утеха, се покажа дека тоа не е само кај нас така. Целиот Запад покажа, помалку или повеќе, исти симптоми.
Пандемијава ни ја тресна в очи вистината дека сме живееле во општества-холограми.
Но, заклучивме и дека „несреќата никогаш не доаѓа сама“!
Дефинитивно е време за тотален „ресет“, вели Даниловски.

Линк до Фејсбук статусот на Проф. Даниловски: https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=pfbid0zwR32Y8nX4vbbhw6mfMkDK4qZ4r2KXjQVTx7EedTm34sdquUBJkBMrYvdD82WqNjl&id=100007282895748

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЛДП бара Пановски и Даниловски да бидат…

Доктор Никола Пановски и доктор Драган Даниловски…

(Видео) Даниловски бара кpaј за ceртификатите и…

Можно е да регистрираме и две и…

Даниловски со добри вести: Најавува кpaј на…

„Со многу висока веројатност во 2022 година…

Даниловски: Омикpон е помалку опaceн, во април…

Епидемилогот Драган Даниловски во вестите на Сител…