Доктор Лазаров сведочи: Возачот избега, ја заборави табличката и се врати по неа – буквално влезе во пилјарата внатре
Вчерашната трагедија во која згасна уште еден млад живот ја шокираше македонската јавност. Непочитувањето на прописите во сообраќајот предизвика вистинска трагедија пред Сити Мол во која на пешачки премин беше прегазена 24 годишна девојка.
Доктор Ненад Лазаров сведочи дека ништо не е променето во изминативе години, бидејќи лично тој посведочил тешка сообраќајна несреќа во која несовесниот шофер сторил се за да го прикрие својот идентитет.
-Пред некои години сведочев на сообраќајка на Водњанска по која удрениот автомобил заврши буквално во пилјарата внатре низ излог.
Возачот кој ја предизвика несреќата, околу 20год. избега ама му падна табличката, среќа немаше никој повреден посериозно.
По 5 минути се враќа со колата, како пидзастанува ние помисливе се свестил што направи, а он со упалена кола на сред улица застана да си ја бара табличката (која ја имавме ние земено), не ја најде и без да погледне дали има повредени или било што, пак си избега.
После еден саат го донесе полиција на лице место, ја додека давам изјава на полиција ко сведок, таткото ми вика што се мешаш ти, пишува Лазаров.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Автомобил удрил во човек во инвалидска количка
На улицата „Борис Трајковски“ во Скопје се…
Трагедија: Маж загина откако со мотоцикл удри…
На 06.09.2026 година околу 13:00 часот во…
Тетовец возел со три промили алкохол во…
На 05.09.2026 во 13:00 часот, полициски службеници…
Тешка сообраќајка пред Блаце – долги колони…
Тешка сообраќајна несреќа се случи на патот…
Автомобил и автобус на ЈСП се судриле…
Патничка во скопски градски автобус вчера завршила…