(Документи+видео) Касами склучил договор за речиси ДЕВЕТ МИЛИОНИ наместо за 800.000 денари?!

t

Ова го има само во Тетово! Најниска добиена понуда на тендер е 799.391 денар, највисока 3.068.210 денари, а Општина Тетово склучува договор со компанија за 8,8 МИЛИОНИ ДЕНАРИ!

Да почнеме со ред…

Општина Тетово распишува тендер за интервентни работи за изградба и реконструкција на инфраструктурни објекти. На тендерот се пријавуваат четири компании. Најниската понуда која се добива е речиси 800.000 денари, а највисоката три милиони денари. Општина Тетово не склучува договор со компанијата која има понудено најниска понуда, ниту пак највисока понуда, туку за понуда речиси трипати повисока од највисоката понуда!

Договорот е склучен на 17.04.2024 година, во вредност од 8.842.931 денари. Договорот е потпишан од градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами.

Во продолжение, условите за учество на компаниите во постапката.

Потребната економска и финансиска способност за извршување на договорот на економските оператори, договорниот орган ќе ја утврди преку следниве минимални услови:

– Mинимален годишен вкупен приход во износ од 10.000.000,00 денари или поголем за секоја година посебно за изминатите 3 финансиски години поединечно во областа на градежни работи.

Согласно Законот за јавни набавки, договорниот орган ги спроведува јавните набавки на начин што ќе обезбеди економично, ефикасно и ефективно користење на јавните средства и успешно остварување на целите на своето работење, утврдени во согласност со прописите кои го уредуваат користењето на буџетските и другите јавни средства.

Во постапката за јавна набавка, договорниот орган не смее неоправдано да ја ограничува конкуренцијата помеѓу економските оператори.

Дополнително, во тендерската документација стои дека критериум за избор на најповолната понуда ќе биде цената.

Ова значи дека согласно тендерската документација и Законот, Општина Тетово би требало да ја избере понудата од 800.000 денари, не таа од 3 милиони, а во никој случај не смееле да склучат договор за речиси 9 милиони денари!

Кој што згрешил во процесот и зошто тендерот не е поништен, е работа на Обвинителството, да истражи и да ги процесуира лицата одговорни за овој тендер.

Инаку, компанијата Про-инженеринг, која го добива овој тендер има двајца сопственици, Ибраим Ферати и Муса Муслија. Управител е Нермин Мустафи.

Она што е интересно, е што ДКСК веќе има јавна опомена за Муса Муслија за судир на интереси. Истиот, додека бил член на Одбор на директори во АД „Водостопанство на РМ “, бил и управител на истава компанија која сега добива тендер во Тетово

Муса Муслија – повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со функцијата член на Одбор на директори во АД „Водостопанство на РМ “ – Скопје ја извршува и функцијата управител на трговско друштво – ДПТГ ПРО – ИНЖЕНЕРИНГ ДОО експорт –импорт Тетово.

Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати до наведените службени лица со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откажат од извршување на функцијата управител на трговското друштво со што ќе ја отстранат повредата на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси.

Исни Сума и Муса Муслија не постапија по барањето на Државната комисија, поради што во смисла на член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси, Државната комисија за спречување на корупцијата донесе одлука на овие лица да и се изрече мерка јавна опомена.

Согласно со член 25 став 2 од Законот за спречување судир на интереси мерката јавна опомена се објавува во средствата за јавно информирање.

Во контекст на наведеното, Државната комисија за спречување на корупцијата Ви ги доставува податоците за изречената мерка ЈАВНА ОПОМЕНА на наведените лица со цел нивно објавување во јавноста. – стои во јавната опомена од ДКСК.

Истава компанија ја има на речиси сите детални планови кои се изработуваат во Општина Тетово.

Ова не е единствениот тендер од Општина Тетово за ПРО-ИНЖЕНЕРИНГ. Претходно сличен ваков договор е склучен за изработна на урбанистички план, а компанијата не намалила ниту денар од предвидената сума, погодувате зошто… Бил единствен понудувач…

Ова се уште два тендери од општините низ Република Македонија со кои и ОЈО и МВР треба да се позанимаваат, да се истражи како се склучуваат договори по повисока цена од најниската понудена цена, иако единствен критериум за набавката е цената. Дополнително, треба да се истражи дали условите за учество на тендерот се прилагодени за да бидат поповолни за едни, а понеповолни за други понудувачи, со цел конкретна компанија да го добие тендерот.

Чист случај за ОЈО и МВР, а вие во продолжение прочитајте и останати сомнителни тендери низ општините во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апелација го врати случајот за пожарот во…

Се враќа на повторно судење дел од…

ПУКАЊЕ ВО ТЕТОВО! Четири лица се повредени

На 04.05.2024 година околу 19:30 часот полициски…

Жител на Тетово остана и без 21.000…

СВР Тетово информира дека жител на тетовскиот…

Тетовец му се заканувал на полицаец преку…

Жител на Тетово му се заканувал на…