(Документи) Кривични пријави за потпретседателот на ДПМНЕ Кочани – Вработувал партиски војници, оштетен е Буџетот!

t

Загрижени граѓани од Кочани, по недобивањето одговор од страна на надлежните институции се обратија до Инфомакс, со цел објавување на скандали поврзани со потпретседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани, Александар Андов.

Како што известуваат нашите читатели, Андов, викан Ќовте, е директор на ООУ „Никола Карев“ во Кочани, каде, според информациите што ги добивме ги пречекорил границите на своите овлстувања за што граѓани поднеле две кривични пријави од ОЈО Кочани, но не добиле одговор.

Како што велат граѓаните, до Андов се поднесени низа на кривични пријави за тепање на ученик, неспроведување на постапка за избор на компании за спроведување на ученички екскурзии и склучување на договор во четири очи со превозник близок до него, вработување на партиски членови во училиштето без согласност од МОН и Министерството за финансии, неспроведување на јавни набавки кои ги врши училиштето и постојано склучување на договори во четири очи, незаконско пренаменување на буџетски средства за исплата на фирми блиски во ВМРО-ДПМНЕ додека училиштето има неподмирен долг кон комуналното претпријатие.

Во продолжение ви ги пренесуваме информациите од кривичните пријави кои до нас ги испратија загрижените граѓани:

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување од страна на Андов затоа што спротивно на Законот за основно образование организирал продолжен престој во училиштето во учебната 2022/2023 година без притоа да ги запази пропишаните законски процедури и незаконски вработил лице да држи настава за време на продолжениот престој во училиштето иако немал согаласност од надлежните органи и немал обезбедено финансиски средства, а исплаќал полна плата на незаконски вработеното лице и со тоа го оштетил Буџетот на Република Македонија за 432.000 денари.

Согласно член 113 од Законот за основно образование, Директорот ги врши следниве работи: – го застапува и претставува училиштето и е одговорен за законито работење.

Согласно членот 40 од Законот за основно образование:

Проширена програма
Член 40
(1) Во основното училиште се реализира и проширена програма.
(2) Проширената програма на основното училиште опфаќа: организирано прифаќање и заштита на учениците еден час пред започнување на часовите во редовната настава и еден час по завршувањето на редовната настава, продолжен престој, дополнителна и додатна настава, како и воннаставни активности и вонучилишни активности, односно организирање на секции, клубови, екскурзии, натпревари, други активности кои училиштето ги реализира надвор од наставната програма, како и активности на ученичката организација.
(3) Основното училиште за учениците во прво, второ и трето одделение организира прифаќање и заштита на учениците еден час пред започнувањето на часовите за редовната настава и еден час по завршувањето на наставата, во согласност со родителот, односно старателот.
(4) Основното училиште за учениците од прво до трето одделение може да организира
продолжен престој со учениците од иста паралелка, од исто одделение или од различни одделенија, по добиена согласност од Министерството. Во продолжен престој учениците се вклучуваат во согласност со родителот, односно старателот.
(5) Ако се обезбедени услови и средства од основачот, основното училиште може да организира продолжен престој за учениците во групи и тоа, од прво до петто одделение со ученици од исто одделение или од прво до трето и од четврто и петто одделение со ученици од различни одделенија. Во продолжен престој учениците се вклучуваат во согласност со родителот, односно старателот.
(6) Доколку во продолжениот престој се опфатени сите ученици од иста паралелка во текот на целиот престој се организира настава согласно со Упатството за настава во продолжен престој на ученици од иста паралелка, кој го утврдува министерот, на предлог на Бирото.
(7) За време на продолжениот престој во кој се вклучени ученици од различни паралелки
и одделенија, учениците учат, ги работат домашните задачи, работат други училишни обврски и учествуваат во културно-уметнички, спортски и други активности, согласно со годишната програма за работа на училиштето, согласно со Упатството за настава во продолжен престој на ученици од различни паралелки и одделенија, кој го утврдува министерот, на предлог на Бирото.

Во пријавата е наведено дека Андов не поднел барање до МОН за одобрување на таква паралелка, нема согласност од МОН за финансирање на работното место, без согласност од МОН вработил наставник за продолжениот престој и на вработената Е.М редовно ѝ исплаќал плата иако немал согласност од МОН.

За сето ова е известен државниот просветен инспектор од Кочани, Зоранчо Горгиев, но истиот како што велат граѓаните, не постапил по пријавата бидејќи според нив имал блиски релации со директорот, а дополнително, неговата сопруга исто така работела во образование.

Истите граѓани поднеле и втора кривична пријава, овојпат за незаконско организирање на екскурзија од страна на директорот кој не формирал стручен тим за подготовка на Програма за екскурзијата, не именувал раководител на екскурзијата, не добил согласност од Советот на Општина Кочани за истата, нема обезбедено мислење од Бирото за развој на образование, нема одобрение за изведување на оваа екскурзија од училишниот одбор, не објавил јавен оглас за избор на правен субјект за изведување на екскурзијата, не барал банкарска гаранција. Подносителите на пријавата наведуваат дека на компанија блиска до директорот ѝ биле исплатени 157.000 денари и според нив дел од оваа сума завршила и во џебот на директорот.

За сите случувања се известени Градоначалникот на Општина Кочани, ОВР Кочани, МВР Штип, ДПИ, ДКСК, ОЈО Кочани, но како што велат граѓаните, ниту една од институциите не одговорила на нивните пријави и известувања.

Подносителите велат дека Андов дополнително се фалел по градот дека успеал да спречи кривично гонење против него.

Ова не е прва ваква поплака од граѓани на Кочани за незаконито работење на функционери од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Кочани. Градоначалникот на општина Кочани, Љупчо Папазов, веќе има кривична пријава во врска со назначувањето на С.З за директор на СОУ „Гошо Викентиев“, односно неразрешувањето на истиот, откако тој во рок од една година по изборот не го положил директорскиот испит. Станува збор за лице кое е во роднинска врска со Папазов, соопштија претходно од Левица.

Инфомакс претходно објави обвинувања на активисти на партијата кои откриваат дека високи функционери земале мито за вработување во институции, дури и за да се биде дел од општинскиот изборен штаб на партијата.

Детали прочитајте на линкот во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи+видео) Нови 52,8 МИЛИОНИ денари за Стентон…

Тони Коњановски уште еднаш го позлати Стентон…

На граница е приведен претседателот на ВМРО-ДПМНЕ…

Претседателот на огранокот на ВМРО-ДПМНЕ од Маврово…

Најчевска: Алтернатива на СДСМ не е ДПМНЕ

Професорката Мирјана Најчевска се огласи со свој…

Бојкотираа НОБ, ОН, референцум, попис, бојкот е…

Ги читам соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ во однос…

Петровска: Ќе седите дома, додека децата ни…

Вечерва немам намера да ви држам говори…