ДПМНЕ Кочани во распад: Високи функционери јавно се обвинуваат за рекет и земање пари за вработувања

t

Познатата активистка на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани, и поранешен член ИК на Патриотскиот институт Славица Ангелова, јавно обвинува дека во партискиот општински комитет и локалната самоуправа се претворени во дувло на рекет, корупција и криминал.

Конкретно, ваквите активности ги вршеле претседателот на ОК, Мирчо Стојков-“Свирчо” и членот на ИК и пратеник, Зоран Коцевски, кој и самиот е по потекло од Зрновци, Кочанско.

Меѓу јавните посочување на Ангелова се:

– земање провизија од страна на претседателот на ОК, Мирчо Стојков, од фирми-должници на КЈП “Водовод”-Кочани


– ⁠земање поткуп од 2000-4000 евра од страна на претседателот на ОК, Мирчо Стојков, за вработување на партиски активисти


– ⁠земање мито од претседателот на ОК, Мирчо Стојков, за поставување членови на ИК на ОК


– ⁠земање мито (печено прасе) за поставување член на ОИШ. Во Кочани се тврди дека еден од партиските активисти со име Гоце му дал печено прасе за кое после претседателот на ОК, Мирчо Стојков објавил како се гоштева со пратеникот Зоран Коцевски (фотографијата потоа е избришана)


-земање пари за вработувања

– ⁠Закани од претседателот на ОК, Мирчо Стојков, кон вработени во општинските служби и граѓани

Ангелова тврди и дека членот на ИК и пратеник, Зоран Коцевски (кого во шифри го нарекува “Шопо Зрновски”) преку посредници и барал 500 евра мито за да ја стави претседател на ОК.

Покрај тоа двоецот Стојков-Коцевски се обвинува и за присвојување на партијата и одлучување во рамки на своите потесно семејства.

Истовремено, против директор на средно училиште во Кочани, поставен од локалните партиски моќници на ВМРО-ДПМНЕ, поднесена е кривична пријава заради набавка на јавни услуги без тендер со што го оштетил буџетот на училиштето за 107.714 денари.

Меѓу коментарите кои можат да се слушнат од граѓани во Кочани е дека ако ова се случува во рамки на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани, што може уште да се очекува доколку партијата ја земе и централната власт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Воздухопловните сили на САД распоредија ловци Ф-22…

Воздухопловните сили на САД распоредија неколку стелт-ловци…

СИРИЗА: Го осудуваме новото „провокативно“ прекршување на…

Грчката опозициска партија СИРИЗА, на чие чело…

Столтенберг за нападот врз Фицо: Напад врз…

Генералниот секретар на НАТО – Јенс Столтенберг…

Во центарот на српските вооружени сили во…

Во центарот на српските вооружени сили за…

(Видео) Фицо уште во април зборуваше за…

Словачкиот премиер Роберт Фицо, кој беше застрелан…